ВО БОЛНИЦАТА ВО ОХРИД СЕ ПРИМЕНИ ШЕСТ ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ БАЛЕСКИ

    ВО БОЛНИЦАТА ВО ОХРИД СЕ ПРИМЕНИ ШЕСТ ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ БАЛЕСКИ„Сите позитивни докажани пациенти од Инфективното одделение треба да ги испраќаме во Општата болница во Битола, каде има посебно карантинско одделение” - директорот Горан Балески.(Фото: СДК.МК)

    На Инфективното одделение во Општата болница во Охрид има шест пациенти со симптоми на КОВИД-19 и за нив се чекаат резултатите од земените брисеви. Директорот на Охридската болница, Горан Балески вели дека сите шестмина во моментив се со лесна клиничка слика. Ако тестовите покажат дека се позитивни, ќе се испратат во Битолската болница.

    “Имаме доволен капацитет, лекари и лекови со кои можеме да се справиме со една ваква инфекција каква што е КОВИД-19. Формиравме тријажен центар за сите пациенти кои влегуваат во болницата, од каде лекари ги упатуваат на соодветните одделенија. Имаме одлична соработка со Министерството за здравство и сите позитивни докажани пациенти од Инфективното одделение треба да ги испраќаме во Општа болница во Битола, каде има посебно карантинско одделение”,вели директорот Балески.

    Инфективното одделение во Охрид може да прими максимум десет пациенти.

    Во Охрид досега има три регистрирани случаи со коронавирус.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира