ЗА ДА СЕ ОЛЕСНАТ МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ТРЕБА 70 ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ДА Е ИМУНИЗИРАНО, ВЕЛИ САЛИ

    ЗА ДА СЕ ОЛЕСНАТ МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ТРЕБА 70 ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ДА Е ИМУНИЗИРАНО, ВЕЛИ САЛИРедици битолчани денес чекаа на пред пунктот на плоштадот Магнолија за бесплатен серолошки тест за антитела од ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Млади и повозрасни битолчани, жени со колички, вакцинирани, неимунизирани се во редицата битолчани кои денес чекаа на пред пунктот на плоштадот Магнолија за бесплатен серолошки тест за антитела од ковид, во рамки на скринингот што го почна Министерството за здравство. Целта на скринингот е да се утврди каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава и да ѝ помогне Комисијата за заразни болести во планирањето на идните мерки во борбата со пандемијата.

    „Два пати сум прележан, не сум вакциниран, сакам да видам дали имам антитела. Од болеста не се плашам, се затекнав случајно тука и си реков да проверам, зошто да не, бесплатно е“, ни рече еден битолчанец.

    Предвидено е да се направат околу 3.000 анализи од кои 1.000 во Скопје, а од другите градови скрининг -тестирањето започна од Битола каде денес присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали. Тој рече дека од резултатите на ова тестирање ќе зависи понатамошното олеснување на мерките, а за да се врати нормалното функционирање потребно е над 70 проценти од граѓаните да се имунизирани.

    „Бројот на заболени на ниво на држава благо се намалува од пикот во четвртиот бран. Нивото на вакцинација и целосна имунизација на нашата популација е пониска од Европа. Ние поскакуваме да имаме позитивни резултати од анализата што ја правиме, за врз основа на тоа да ги намалиме мерките и да бидеме слободни за функционирање. Но, сè зависи од епидемиолошката состојба на нашите граѓани. Доколку добиеме резултати кои се позитивни, односно над 70 проценти да е вкупната имунизација во државата, тогаш можеме да кажеме дека почнуваме со олеснување и нормално функционирање на нашите граѓани’, рече Сали.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира