ЗА ДА ТРГНЕ ВОЗОТ ОД БИТОЛА ЗА ЛЕРИН ТРЕБА ДА ИМА ИНТЕРЕС И СОГЛАСНОСТ ОД ГРЦИЈА, РЕЧЕ БОЧВАРСКИ НА ОБНОВАТА НА ПАТОТ ЗА ГРЧКА ГРАНИЦА

    ЗА ДА ТРГНЕ ВОЗОТ ОД БИТОЛА ЗА ЛЕРИН ТРЕБА ДА ИМА ИНТЕРЕС И СОГЛАСНОСТ ОД ГРЦИЈА, РЕЧЕ БОЧВАРСКИ НА ОБНОВАТА НА ПАТОТ ЗА ГРЧКА ГРАНИЦАРеконсктрукцијата на 12,5 километри треба да заврши до крајот на јули или до септемеври. (Фото: СДК.МК)

    „Железничката линија од Битола за Лерин е делница за поврзување меѓу двете дражави. Треба да имаме согласност и интерес од страна на соседна Грција за ставање во функција на оваа линија“, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали државата се откажува од железнички сообраќај од Битола за грчка граница, со оглед дека наместо воз за Лерин, добивме за Жабени. Пругата од Битола до гранична станица вредна 17 милиони евра е оспособена и има дозвола за сообраќање, а се градеше речиси 6 години.

    „Нашите работни групи се подготвени на техничко ниво да седнат и да разговараат за ставање во функција на оваа железничка линија, ние сме целосно подготвени. Нашата домашна задача е завршена, а кога ќе имаме таква средба со грчката страна ќе ги информираме медиумите. Очекувам дека ќе има интерес и од Грција“, рече Бочварски без да прецизира дали е побарана средба со грчките власти за оваа тема.

    Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денес извршија увид на започнатата реконструкција на патниот правец Битола- граничен премин Меџитлија, кој со години беше запоставен и полн со ударни дупки.

    Рехабилитацијата се одвива со средства од ЕБОР од 3,27 милиони евра, а се рехабилитираат околу 12,5 километри. Ширината на оваа делница е шест до шест и пол метри. Во моментов се врши гребење на асфалтот, а предвидениот рок за завршување на градежните работи е до крајот на јули евентуално до сптемеври.

    Од 22 април ќе започне и градбата на автопатот Битола-Прилеп, чија градба треба да заврши за четири години и седум месеци. Автопатот ќе треба да се надоврзи на експресниот пат Битола-грчка граница чија изградба ќе започне в година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира