ЗАЕВ НАЈАВИ ЗАМИНУВАЊЕ НА НОВА ФУНКЦИЈА, ЗА ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ИМЕНУВА СОВЕТНИКОТ КОСТАДИНОВ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ НАЈАВИ ЗАМИНУВАЊЕ НА НОВА ФУНКЦИЈА, ЗА ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ИМЕНУВА СОВЕТНИКОТ КОСТАДИНОВ

    „Ова е моја последна седница на Совет на која ќе присуствувам, бидејки во наредните денови ќе извршувам друга функција“, рече денеска градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ Зоран Заев при носењето на Буџетот на Општина Струмица за следната година. Тој најави дека следниве денови за заменик градоначалник ќе го именува советникот Костадин Костадинов.

    „Во следните денови настапува престанок на мојата функција градоначалник заради започнување на друга функција. Согласно законот, сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов, кој ќе ја извршува функцијата сѐ до законското назначување на в.д. градоначалник на Струмица“, рече Заев.

    Согласно законот, Костадинов ќе ја извршува функцијата заменик градоначалник откако ќе биде констатиран престанок на мандатот на Заев како градоначалник. Општината го информира Министерството за локална самоуправа и Владата, по што од редовите на советниците до следните локални избори ќе биде поставен в.д. градоначалник на Струмица.

    Инаку, Советот на Струмица денеска им ги прифати оставките на советничките Катерина Кузмановска и Коста Јаневски, кои на последните избори освоија пратенички мандати од СДСМ, а на нивните места беа верификувани мандатите на Фатмаѓул Аџи и Бранко Божинкочев за советници.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира