ЗАТВОРОТ К’ШАЊЕ ОТСЕЧЕН ОД СВЕТОТ, А НЕМА НИ СТРУЈА, ЛЕБ И ТЕЛЕФОН

    ЗАТВОРОТ К’ШАЊЕ ОТСЕЧЕН ОД СВЕТОТ, А НЕМА НИ СТРУЈА, ЛЕБ И ТЕЛЕФОНУтринава од локалната самоуправа Куманово испратилa помало возило за чистиње снег, но поради големите наноси и непристапниот терен не успеало да го расчиси снегот до затворот во село К'шање (Фото: СДК.МК)

    Казнено-поправната установа Куманово во село К’шање е отсечена од светот, поради неисчеистениот снег и големите наноси на патот. Затворот од вчера попладне има прекин во снабдувањето со електрична енергија и во телефонскиот сообраќај, а утринава останале и без леб затоа што камионот за достава не успеал да се пробие низ снегот. Проблем било и пристигнувањето на вработените на работните места.

    Извори од затворот кажуваат дека во моментот напојувањата со струја се врши со сопствени агрегати, меѓутоа количините со нафта се ограничени и не се знае до кога ќе издржат. Во затворот се користат и последните количини на храна.

    Од управата на затворот потврдуваат дека имаа проблеми поради невремето, и велат дека бараат начин како да го решат проблемот.  Утринава од локалната самоуправа Куманово испратилa помало возило за чистиње снег, па поради големите наноси и непристапниот терен не успеало да го расчиси снегот. Ако во најкратко време не се реши проблемот институцијата ќе се соочи со сериозни проблеми во работењето, велат од затворот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира