ЗГРОЗЕНИ СМЕ ОД ДАНЕЛА АРСОВСКА, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ КОИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЈА ФАЛЕА И ВЕЛИЧЕА

    ЗГРОЗЕНИ СМЕ ОД ДАНЕЛА АРСОВСКА, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ КОИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЈА ФАЛЕА И ВЕЛИЧЕАОд ВМРО-ДПМНЕ бараат Арсовска да си поднесе оставка. - Арсовска и Мицкоски на митинг за време на кампањата за локалните избори лани (Фото: Фејсбук)

    Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ кои за време на локалните избои ја фалеа и величеа и со нивна поддршка Арсовска стана градоначалничка на Скопје. Во партиското соопштение се вели дека однесувањето на Арсовска на последната седница на Советот на Град Скопје било срамното и недолично, не доликува на јавен функционер и бараат да си поднесе оставка.

    Данела Арсовска во недостаток на идеи како да ги реализира ветените проекти за подобрување на животот на скопјани, го продолжува нејзиното неколкумесечно деструктивно однесување. За време на седницата на Советот на Град Скопје, Арсовска пред очите на целокупната јавност, јасно ја попречи работата на Советот, го попречи нормалното одвивање на седницата за поставување на советнички прашања, а нејзиното непочитување на Советот отиде до таму што дури и се уфрлаше во дискусиите преку паралелен и недозволен звучен систем. Со ова, пред очите на целокупната јавност, Арсовска отворено прекрши одредби од Законот за локална самоуправа, поточно 48, став 1 и 2, каде на Претседателот на Советот на Град Скопје не му беше дозволено да ги реализира своите права и обврски за организирање и раководење со седницата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата бараат Државниот инспекторат за локална самоуправа да постапи согласно своите надлежности за тоа што Арсовска ги прекршување на одредбите од Законот за Локална самоуправа.

    Велат и дека поради нејзината недоволна инволвираност како претседателка на ЗЕЛС во стагнација е процесот на децентрализацијата,

    Поради сето ова, ја повикуваме Арсовска, која повеќе од очигледно нема капацитет да раководи со Градот, да си поднесе оставка од позицијата градоначалник на Град Скопје и претседателка на ЗЕЛС“, додаваат од партијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира