МЕЧОТ ПРОТИВ БЕЛГИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОСЛЕДЕН ЗА ИБРАХИМОВИЌ ВО ШВЕДСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    МЕЧОТ ПРОТИВ БЕЛГИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОСЛЕДЕН ЗА ИБРАХИМОВИЌ ВО ШВЕДСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    Шведска утре игра против Белгија во Ница во последниот меч од групата Е од Европското првенство во фудбал и скандинавскиот тим мора да победи, ако сака да избегне елиминација и да се пласира во нокаут-фазата.
    Дополнителен мотив за шведските фудбалери ќе биде фактот што тоа може да биде последен натпревар за Златан Ибрахимовиќ во националниот тим, откако легендарниот напаѓач соопшти дека ќе се повлече од репрезентацијата по Европското првенство во Франција.
    „Последниот натпревар на Шведска на Европското првенство ќе биде и мојот последен натпревар за Шведска. Се надевам дека тоа нема да се случи утре. Се надевам дека ќе продолжиме колку што е можно повеќе. Не сакам да завршам со разочарување“, изјави 34-годишникот на денешната прес-конференција на шведската репрезентација.
    Ибрахимовиќ настапува за Шведска веќе 15 години и има одиграно 115 меча, на кои постигна 62 гола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари