ОД 87.000 СПОРНИ ГЛАСАЧИ, САМО 34.000 ПОКАЖАЛЕ ЛИЧНА КАРТА, ДИК ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПРОВЕРКАТА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:290:"СпореддокументотдокојдошлаТВАлсатМ,од87.000сомнителниимињакоибилепредметнатеренскапроверка,потребниседополнителниконтролизаоколу40.000случаи";s:9:"td_source";s:59:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК,АЛСАТМ)

    ОД 87.000 СПОРНИ ГЛАСАЧИ, САМО 34.000 ПОКАЖАЛЕ ЛИЧНА КАРТА, ДИК ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПРОВЕРКАТА

    Синоќа Државната изборна комисија (ДИК) го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки и покрај тоа што пред една недела членовите добиле извештај од меѓународниот експерт Џон Арон од ИФЕС (Меѓународна фондација за изборни системи) дека нема доволно време до 5 јуни за прочистување на Избирачкиот список.

    Според документот до кој дошла ТВ АлсатМ, од 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице. Телевизијата се повикува на извештај подготвен од меѓународниот експерт од ИФЕС.

    Од тие лица кои биле пронајдени дома, само 34.000 покажале валидна лична карта или пасош, што покажува дека не можат да се обезбедат валидни информации за околу 12.000 имиња што се појавуваат на Избирачкиот список, стои во извештајот на кој се повикува АлсатМ.

    Меѓународниот експерт заклучил дека деталната проверка на сите спорни записи во Избирачкиот список не може да заврши до 5 јуни и сугерира дека се потребни дополнителни проверки, кои според законските рокови, не можат да се завршат навреме.

    И покрај извештајот на меѓународниот експерт синоќа ДИК со шест гласа за и еден против го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки.

    Против овој извештај гласаше претседателот на ДИК Александар Чичаковски. вајцата членови од СДСМ не присуствуваа на седницата.

    За Чичаковски спорна е правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот Оливер Спасовски и гласачите без живеалиште во земјава. Од 139.000, 42.000 се дијаспора, а за другите нема прецизни податоци.

    Членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев рекоа дека Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира