САД ПОВТОРНО ПОБАРАА ОД ИВАНОВ ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ АБОЛИЦИЈАТА

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    САД ПОВТОРНО ПОБАРАА ОД ИВАНОВ ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ АБОЛИЦИЈАТА

    САД вчера повторно побара од претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече аболицијата затоа што таа предизвикува загриженот за неможност за организирање веродостојн избори.

    На прашањето како гледа администрацијата на САД на заострувањето на политичката криза во Македонија што предизвика масовни провладини и антивладини демонстрации, Елизабет Трудо, директотката на Канцеларијата за печат на Стејт департметот изјави:

    „Ние и Европската Унија ја искажавме нашата загриженост за важноста од веродостојни избори во Македонија. Времето е кусо. Остана уште многу да се направи“. На редоведовниот прес брифинг во Стејт Департментот таа се повика на претходните официјални изјави на претставници на САД и рече:

    „Силно бараме од претседателот Иванов да ја повлече одлуката и да им дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да си ја вршат својата работа“.

    Повеќе светски медиуми откако стана јасно дека ќе пропадне состанокот на лидерската четворка во Виена, веќе неколку дена пишуваат дека ЕУ разгледува воведување санкции против водечки членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи и забрани за патување и замрзнување на имотот. Таква одлука се уште не е донесена, но стои како опција. Сите 28 земји членки на ЕУ ќе мора едногласно да се согласат за таквите мерки.

    Неофицијално, и бордот на директори на Светска банка решил да го запре процесот на кредитирање за подобрување на општинските услуги во Македонија сѐ додека не се одржат кредибилни избори во земјата. Во втората фаза од оваа програма за изградба и доградба на локални патишта, канализациони мрежи и друга инфраструктура биле вклучени 57 општини од Македонија.

    Вчера демонстрантите на антивладината „Протестирам“ два пати застануваа пред седиштето на ЕУ во Скопје, каде што се бараше оставка од Иванов и повлекување на одлуката за аболиција. Демонстрантите си закажаа средба пред седиштето на ЕУ и за денеска.

    Токму пред седиштето на ЕУ еден од демонстрантите се качи на имровизираната бина, го зема микрофонот и повика да се поздрави лидерот на СДСМ Зоран Заев. Некои аплаудираа, а повеќето го исвиркаа и викаа „Уа.“

    Бидејќи повеќето помислија дека тука протестот заврши, дел од демонстрантите си заминаа. Останаа само најупорните кои продолжија кон Владата. Но и таму протестот заврши многу брзо.

    Најсилната осуда од САД стигна минатата недела веднаш откако Иванов ја објави аболицијата за политичари. Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена тогаш прорача дека „одлуката на претседателот Иванов сериозно ја доведува во прашање способноста на земјата да одржи веродостојни избори на 5 јуни, чиј оригинален датум веќе беше одложен“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари