ВМРО-ДПМНЕ И ГРОМ ќе поднесат заеднички листи за кандидати за пратеници до ДИК вечерва најдоцна до полноќ, штотуку објави агенцијата МЕТА.
Ова било потврдено вечерва на Централниот одбор на ГРОМ. Од ВМРО-ДПМНЕ ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека на сите прашања ќе одговорат откако ќе ги достават листите до ДИК.
Се очекува на овие листи да се најдат имиња и на кандидати за пратенции од помалите партии, коалициони партнери на владејачката партија.
До сега до ДИК листи со кандидати за пратеници достави само Народното движење за Македонија (НДМ).
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека до полноќ, ќе ги достават листите со пратеници до ДИК.
ДУИ, СДСМ и ДПА нема да поднесат листи со кандидати со пратеници.