НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ БАРА ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО СПРЕЧИ НАСИЛСТВОТО ВО СОБРАНИЕТО

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ БАРА ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО СПРЕЧИ НАСИЛСТВОТО ВО СОБРАНИЕТОПолицијата речиси не реагираше и не ја спречи толпата да влезе во Собранието, по што беа повредени пратеници од парламентарното мнозинство (Фото: Ѓ. Личовски-

    Народниот правобранител најостро го осудува  насилствата во Собранието врз пратениците и новинарските екипи, и ги повикува надлежните институции, особено Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземе сите мерки заради спречување на ескалација на настаните.

    „Во една демократска земја нема место за насилство. Она што е сега потребно е да им се овозможи формирање на институциите  затоа што легитимитетот се добива на избори, а не со насилство. Народниот правобранител повикува на разум особено кај лидерите на политичките партии кои токму сега треба да се одважат и да повикаат на смирување на страстите. Воедно Народниот правобранител апелира до граѓаните да не подлегнуваат на провокации“, соопшти канцеларијата на Омбудсманот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира