ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ПРЕПОРАКА ЗА ВАКЦИНА ЗА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, БАРА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ПРЕПОРАКА ЗА ВАКЦИНА ЗА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, БАРА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИОд 20-30 отсто од здравствените работници во земјава не се вакцинирани, рече Филипче. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Задолжителна вакцинација против ковид-19 за здравствените работници и препорака за вакцина за вработените во јавниот сектор и локална самоуправа за да може да одат на работа, стои во предлозите од Комисијата за заразни болести до Владата, најави министерот за здравство Венко Филипче по утринскиот состанок.

    Филипче кажа дека препораката за вработените во државните институции се однесува на примена најмалку една вакцина, или негативен ПЦР тест, еднаш неделно на сопствен трошок, или потврда за прележан ковид , или потврда од лекар специјалист дека не се препорачува вакцината, поради имунозагрозувачки болести.

    „Препорачуваме кон ова да се приклучат и приватните компании. Стигна писмо од Стопанската комора на оваа тема, со цел да се заштитат производствените капацитети“, рече министерот.

    Овие мерки би важеле по 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а ќе се остават дополнителни 30 дена за тој процент од 20-30 отсто од невакцинираните здравствени работници да се вакцинираат.

    Околу тоа кој ќе ја врши контролата на сертификатите, Филипче кажа дека за тоа ќе се разговара на седница на Главниот кризен штаб.

    Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира