АКТЕРКАТА КАТЕРИНА КОЦЕВСКА Е В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР

    АКТЕРКАТА КАТЕРИНА КОЦЕВСКА Е В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ДРАМСКИ ТЕАТАРКатерина Коцевска од 1983 е актерка на Драмски театар каде има одиграно многу улоги, како и и во театрите во Македонија (Фото: СДК.МК)

    Актерката Катерина Коцевска е именувана за в. д. директорка на Драмски театар, потврдија од театарот и од Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК. Коцевска, која е членка на ансамблот на Драмски, доаѓа на местото на Викторија Рангелова-Петровска, која минатата недела поднесе оставка откако премиерот Зоран Заев на 17 јули препорача нејзино разрешување.

    Министерството за култура минатата недела рече дека „согласно законските процедури, ќе се назначи вршител на должноста директор на оваа национална установа од редот на вработените“.

    Дописот за нејзиното назначување стигнал утрово во Драмски театар.

    Коцевска во јануари 2018 беше именувана за уметничка директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

    Според биографијата објавена на сајтот на фестивалот, Коцевска од 1983 еактерка на Драмски театар каде има одиграно многу улоги, како и и во театрите во Македонија. Добитничка е на повеќе актерски награди,  како „Војдан Чернодрински“ за улогата на Олга-Бизјак Митиќ во претставата „Карамазови“ и наградата за најдобра млада актерка на фестивалот на Југословенски театар – Сараево, за истата улога. Има играно во голем број претстави како „Хај-Фај“ ,„Тетовирани души“, „Салома“, „Викенд на мртовци“, „Закопаното дете “, „ Р“, „Дантоновата смрт“, „Собирен центар“, „ Медеја“, „ Чија си“ , „Балкон“, „Стапица“, „ Чернодрински се враќа дома“, „Како да ја убиеш сопругата“, „Брачна игра“, „ Хамлет“. Коцевска има одиграно многу главни улоги во ТВ-сериии и ТВ- филмови, како и во неколку филмови. Авторка е на драмски текстови, од кои два „Нашиот непрежален“ и „Љубовници“ се поставени во нејзина режија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари