КОЈ ДОЦНИ НА ПРЕТСТАВА НЕМА НИ ДА ЈА ГЛЕДА, НАЈАВИ НОВИОТ ДИРЕКТОР НА МНТ ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ

    КОЈ ДОЦНИ НА ПРЕТСТАВА НЕМА НИ ДА ЈА ГЛЕДА, НАЈАВИ НОВИОТ ДИРЕКТОР НА МНТ ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦНа гледачите кои задоцниле нема да им бидат вратени парите и нема да можат да влезат во театарот“, Драган Спасов - Дац во улогата на Тартиф во истоимената претстава во тетарот каде што сега е в.д. директор (Фото: МНТ)

    Од септември кога почнува новата театарска сезона во Македонскиот народен театар (МНТ) вратите за влез на публиката ќе се затвораат во 20 часот. Тогаш почнуваат претставите и сите што ќе дојдат после 20 часот нема да можат да влезат, ниту пак ќе им бидат вратени парите за купените билети.

    Ова го најави новиот в.д директор на МНТ Драган Спасов Дац, заради непречено следење на претставите.

    „Ако некој не е во можност да присуствува на претставата за која земал билети, истите ќе може да ги врати половина час пред почетокот на претставата и да му бидат вратени парите. Во спротивно, на гледачите кои задоцниле нема да им бидат вратени парите и истите нема да можат да влезат во театарот“ напиша Спасов на својот фејсбук профил.

    Изјавата на новиот директор на МНТ доаѓа по инцидентот на затварањето на Охридско лето, токму со претстава на Македонскиот народен театар. Инцидентот се случи поради доцнењето на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и претседателот на Собранието Талат Џафери. По завршувањето на претставата „Ничија земја” која што беше одиграна на просторот кај Охридската касарна на коктелот дошло до вербална расправија меѓу Бакрачески  и  актерот Сашко Коцев, кој реагирал дека претставата непотребно почнала 20 минути подоцна од предвиденото поради доцнењето на охридскиот градоначалник.

    ОХРИДСКО ЛЕТО ЗАВРШИ СО ТЕПАЧКА МЕЃУ БАКРАЧЕСКИ И КОЦЕВ

    Вообичаено е поради доцнење на политичарите во Македонија да доцнат и премиерите на претставите, концертите и филмските проекции.

    Со доцнење беше отворена и новата концерна сала на Филхармонијата бидејќи тогаш се чекаше да пристигне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој доцнеше половина час. Тој влезе дури откако на сцената се појави македонскиот пијанист Симон Трпчевски, а музичарите на Филхармонијата со која диригираше славниот маестро Владимир Ашкенази чекаа да почнат со концертот.

     

    А.АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира