НЕ ЗНАЕВЕМЕ ДЕКА МОЖЕ ДА СМЕ ВОЛКУ СРЕЌНИ, ВЕЛАТ СИРИСКИТЕ БЕГАЛЦИ СО ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ ЗНАЕВЕМЕ ДЕКА МОЖЕ ДА СМЕ ВОЛКУ СРЕЌНИ, ВЕЛАТ СИРИСКИТЕ БЕГАЛЦИ СО ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

    Шерго Муса и Назли Абду се брачен пар од Сирија кои со своите три деца пред 18 месеци ја напуштиле својата земја бегајќи од, како што велат, опасната војна, а веќе 9 месеци се во прифатниот и транзитен центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Шерго и Назли се уметнички надарен пар кој времето поминато во Центарот го исполнуваат создавајќи цртежи со молив, од кои со помош на Претставништвото на УНХЦР-Скопје и на Центарот за управување со кризи, во Кинотеката на Македонија денес беше отворена изложбата „Бегство за подобро утре“.

    Цртежите на изложбата „Бегство за подобро утре“ од кои извира страв, неизвесност, страдање, тешкотии, болка но и гнев се епизоди од секојдневието на ова семејство и од нивното патешествие како насилно иселени лица од својата земја (Фото: СДК.МК)

    Цртежите на изложбата „Бегство за подобро утре“ од кои извира страв, неизвесност, страдање, тешкотии, болка но и гнев се епизоди од секојдневието на ова семејство и од нивното патешествие како насилно иселени лица од својата земја (Фото: СДК.МК)

    Заблагодарувајќи се за поддршката и за помошта на сите институции и на оваа, како што рече, безбедна земја за нив, Шерго додаде:„ Не можам да замислам дека можам да сум толку среќен“.

    Го прашавме што е тоа што толку многу го усреќува, а Шерго вели:„Во изминатиов период поминавме низ многу страдања, загуби и болки. Сето тоа е прикажано на овие цртежи, од нашето заминување од дома, па ситуации од патот, до доаѓањето овде. Среќен сум што сето тоа страдање имаме можност преку оваа изложба да го споделиме со вашата јавност, на која ѝ благодариме на разбирањето и сочувството“.

    Пред бројната публика и медиумите уметничкото семејство зборуваше за болката што ја носат зашто во Сирија ги оставиле својот заробен дом и заробените блиски, но Шерго вели:

    „Кога се наоѓате во ситуација да ги спасувате своите деца, вие сте на пат каде што ви е неопходна сестрана помош. Благодарни сме на институциите во Македонија, но нашиот план не е да останеме овде“.

    На изложбата во Кинотеката беше послужена и сиријска храна (Фото: СДК.МК)

    На изложбата во Кинотеката беше послужена и сиријска храна (Фото: СДК.МК)

    Цртежите од кои извира страв, неизвесност, страдање, тешкотии, болка но и гнев се епозоди од секојдневието на ова семејство и од нивното патешествие како насилно иселени лица од својата земја, која е една од колевките на цивилизацијата на Земјата. Тие велат, сликаат она што извира од нивниот живот, и ако во иднина им се случи нешто убаво, се надеваат дека и тоа некогаш ќе го нацртаат.

    Шерго и Назли со своите три деца се едни од 200-те бегалци кои се во моментов во Македонија, и се дел од илјадниците присилно раселени луѓе кои се зафатени од војната во Сирија.

    Професионална помош за изложбата даде академската сликарка Маја Стефановска. Изложбата е отворена до 25 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира