ПУБЛИКАТА ИЗВИКУВАШЕ БРАВО, И АПЛАУДИРАЈЌИ НАПРАВИ КРУГ ОКОЛУ ЕКИПАТА НА „ВРБА“ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО РИМ

    ПУБЛИКАТА ИЗВИКУВАШЕ БРАВО, И АПЛАУДИРАЈЌИ НАПРАВИ КРУГ ОКОЛУ ЕКИПАТА НА „ВРБА“ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО РИМактерките Камка Тоциновски, Наталија Теодосиева и Сара Климоска со режисерот Милчо Манчевски на светската премиера на „Врба“ во Рим. (Фото: Ѓ. Клинчаров)

    Со извици „браво!“ и петминутен аплауз помина синоќешната гала светска премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим. Публиката во полната сала со аплауз ги дочека актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски со режисерот Манчевски.

    (Фото: Ѓ. Клинчаров)

    „По завршувањето на филмот, неочекувано публиката стана направи круг околу филмската екипа и френетично аплаудираше цели пет минути“, велат од продукцијата на „Врба“ од Рим.

    Со екипата на филмот, на најдолгиот филмски црвен килим во светот поминаа и продуцентот Јане Ќортошев, директорот на Агенција за филм Горјан Тозија, Министерот за култура Хусни Исмаили и Магдалена Димова, вршител на должност при Амбасадата на Македонија во Рим. (Фото: Ѓ. Клинчаров)

    Предводени од режисерот, трите актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски поминаа на црвениот килим во Аудиториумот Парко дела Музика. Покрај нив, на најдолгиот филмски црвен килим во светот поминаа и продуцентот Јане Ќортошев, директорот на Агенција за филм Горјан Тозија, Министерот за култура Хусни Исмаили и Магдалена Димова, вршител на должност при Амбасадата на Македонија во Рим.

    Наталија Теодосиева, Сара Климоска и Камка Тоциновски на црвениот килим во Рим (Фото: Зимбио)

    „Македонските актерки го свртеа вниманието на себе пред светските медиуми, кои будно со своите камери го проследија секое нивно движење на црвениот килим. Она што беше уште покуриозитетно е што беа извикувани нивните имиња од италијански фанови, кои беа наредени од страната и ги повикуваа да направат фотографии со нив и со режисерот Манчевски, кој е миленик на италијанските филмофили, а неговите филмови се вклучени во школската лектира“, велат од продукцијата.

    (Фото: Ѓ. Клинчаров)

    По премиерaта, „Врба“ ќе има уште две фестивалски проекции, денеска и утре.

    Продукцијата најавува дека многу скоро филмот ќе има македонска премиера и веднаш потоа ќе биде на редовниот репертоар во скопските кино сали.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира