ФРАНЦИЈА И ИТАЛИЈА ЗАЕДНО ЌЕ ЈА СЛАВАТ 500-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ДА ВИНЧИ

    ФРАНЦИЈА И ИТАЛИЈА ЗАЕДНО ЌЕ ЈА СЛАВАТ 500-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ДА ВИНЧИНајпознатата слика на Леонардо да Винчи, „Мона Лиза“ се наоѓа во парискиот музеј Лувр (Фото: Имаго)

    Францускиот претседател Емануел Макрон ја најави заедничката француско-италијанска прослава на 500-годишнината од смртта на славниот ренесансен уметник Леонардо да Винчи.

    Макрон за италијанската телевизија РАИ рече дека, „во духот на помирувањето“ ќе му биде домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела во францускиот град Амбоза, каде починал Да Винчи.
    И двете земји традиционално го чествуваат големиот мајстор, кој бил роден во 1452 во градот Винчи во облсаста Тоскана, и каде го поминал најголемиот дел од животот.

    Потегот на Макрон доаѓа по расправиите меѓу Париз и Рим, за плановите на парискиот музеј Лувр да организира голема изложба со речиси сите слики на Да Винчи, меѓу кои се и позајмените дела од италијанските музеи.
    Италијанската влада ја обвини претходната власт за „предавање“ на наследството на Да Винчи на Франција, кога потпишаа договор со Париз, со кој на Лувр му се дозволи да позајмува дела од уметникот од италијанските музеи.

    „Тоа е нефер, погрешен договор“, изјави Лучија Боргонѕони од италијанското министерство за култура, додавајќи дека Леонардо е Италијанец кој „само починал“ во Франција.

    „Има голем број на Французи кои ја сакаат Италија и Италијанци кои ја сакаат Франција. Но наеднаш, речиси и да забораваме дека мора да продолжиме да учиме да се разбираме едни со други“, изјави Макрон за РАИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира