ИГРАВ ВО ПАРИЗ И ВИЕНА, НО НЕ СУМ ИМАЛА ТРЕМА КАКО КАКО ПРЕД ИЗВЕДБАТА НА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛИ ХРВАТСКАТА АКТЕРКА КОСТАДИНКА ВЕЛКОВСКА

    ИГРАВ ВО ПАРИЗ И ВИЕНА, НО НЕ СУМ ИМАЛА ТРЕМА КАКО КАКО ПРЕД ИЗВЕДБАТА НА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛИ ХРВАТСКАТА АКТЕРКА КОСТАДИНКА ВЕЛКОВСКАВелковска, родена чаирчанка, 50 години живее и работи во Хрватска, а во Македонија доаѓа првпат после повеќе од 20 години (Фото: Тпортал)

    Хрватската театарска, телевизиска и филмска актерка и пејачка со македонско потекло Костадинка Велковска (69) в понеделник во Драмски театар ќе ја игра Мајка Тереза во хрватската претстава „Светица во темнината“.

    Претставата доаѓа на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“, во организација на Дирекцијата за уметност и култура Скопје и Министерството за култура. Станува збор за хрватски проект во продукција на „Б глад“ и продуцентот Тадија Коловрат, работен според текст на Венко Андоновски.

    Велковска во Скопје завршила средно музичко образование и се запишала на студии за компаративна југословенска книжевност, но сепак се пријавила и во Загреб и ја примиле, по што на 19 години се сели таму.

    „Во главната улога доминираше Костадинка Велковска, која ја реинкарнираше Мајка Тереза. Глумица која со секое свое концентрирано движење потсетува на оној маченички лик на пожртвуваната мајка на милосрдието“, стои во рецензијата на „Вечерњи лист“

    „Ме примија и така почнаа моите животни патешествија, но никогаш не зажалив“, вели таа.

    По дипломирањето добила стипендија и работела во Дубровник, а во 1984 се сели во Загреб.

    Велковска вели дека иако камерата ја сака, поголем дел од кариерата ја поминала в театар, каде се случувало месечно да игра и до 37 претстави, а годишниот просек ѝ е околу 270 изведби. Позната е и како пејачка, особено на шансони, за кои вели дека во нив го нашла балансот помеѓу театарот и музиката. Има играно во два македонски филмови: ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“ на Јане Петковски (1979) и „Јазол“ на Кирил Ценовски (1985).

    Велковска ни рече дека е родена чаирчанка и дека за Скопје ја врзува само пријателството со актерката Славица Николовска-Спасова, со која се знаат од училишните денови. Последен пат во Скопје била во јануари годинава на краток службен престој, а претходно речиси 23 години не дошла во Македонија.

    „Имам играно во Париз, Берлин, Виена, но никогаш во Скопје. Чувствувам огромна трема и возбуда дека ќе играм пред македонската публика“, ни рече Велковска.

    Премиерата на „Светица во темнината“ беше на 22 октомври 2016 година во Центарот за култура Трешњевска во Загреб, во соработка со Здружението за драмско образование на млади, еден месец откако Мајка Тереза беше прогласена за светица од Папата Фрањо во Ватикан. Режисерка на претставата е Ивана Перош, драматург е Жељка Турчиновиќ, а играат и Велимир Чокљат, Лилјана Чокљат, Миа Крајчар и Илир Тафра. Текстот на хрватски го преведе Боривој Павловски.

    „Во главната улога доминираше Костадинка Велковска, која ја реинкарнираше Мајка Тереза. Глумица која со секое свое концентрирано движење потсетува на оној маченички лик на пожртвуваната мајка на милосрдието“, стои во рецензијата на „Вечерњи лист“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира