КОНЦЕРТ НА ВОЕНИТЕ ОРКЕСТРИ НА МАКЕДОНИЈА, САД, БРИТАНИЈА, ГРЦИЈА И СЛОВЕНИЈА ВО СКОПЈЕ

    КОНЦЕРТ НА ВОЕНИТЕ ОРКЕСТРИ НА МАКЕДОНИЈА, САД, БРИТАНИЈА, ГРЦИЈА И СЛОВЕНИЈА ВО СКОПЈЕВоениот оркестар на Армијата на САД за Европа пред два дена настапи пред Камениот мост во Скопје (Фото: К. Попов)

    Вечерва во 19 часот во Филхармонијата во Скопје, заеднички концерт ќе одржат Воените оркестри на Македонија, САД,  Велика Британија, Грција и Словенија. Концертот се организира на Денот на НАТО, а е дел од активностите за одбележување на Неделата на НАТО, во чест на одбележувањето на 70 години од постоењето на алијансата.

    Диригенти на заедничкиот концерт на воените оркестри ќе бидат мајорот Горан Илијевски, Константинос Константинопулос од Грција, потполковник Аљоша Дефери од Словенија, Сара Маринеску од Британија и мајор Рендал Бартел од САД.

    Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа завчера одржа концерт пред Камениот мост во Скопје, како дел од Неделата на НАТО, која во Македонија ја организира Министерството за одбрана.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари