МУЗЕЈ ЗА КГБ ОТВОРЕН НА МЕНХЕТН

    МУЗЕЈ ЗА КГБ ОТВОРЕН НА МЕНХЕТНМузејот за шпионажа содржи илјадници артефакти од периодот на Студената војна, од уреди за прислушување до оружје, мебел, книги и цигари (Фото: АФП)

    Убиства среде ден. Немилосрдни агенти кројат заговори. Уреди за прислушување во секој град во Западна Европа. Три децении по падот на Советскиот сојуз, сеќавањата за озлогласениот КГБ сѐ уште ја брануваат фантазијата на јавноста.

    Сега, музеј на Менхетн нуди патување низ времето до светот на шпионската агенција на Советскиот сојуз, преку портрети на Владимир Илич Ленин, воена музика како и високотехнолошки шпионски уреди.

    Минијатурен уред за снимање (Фото: АФП)

    Музејот за шпионажа  КГБ е дело на 55-годишниот литвански историчар Џулиус Урбаитис, кој поминал три децении патувајќи низ светот за да собере 3.500 оригинални артефакти. Меѓу нив има камери кои биле поставувани во копчиња, ремени, како и минијатурни микрофони и ѓонови од чевли во кои се криеле документи. Има и копија на „Бугарскиот чадор“ со кој во Лондон во 1978 бил отруен бугарскиот дисидент Георги Марков.

    Урбаитис вели дека неговиот музеј е аполитичен и дека негова цел е да стане најдобар музеј во светот за технологите на КГБ. Музејот во САД го отворил со помош на американска компанија и колекционери, кои сакаат да останат анонимни.

    Урбаитис со копија на „Бугарскиот чадор“ со кој во Лондон во 1978 бил отруен бугарскиот дисидент Георги Марков (Фото: АФП)

    Посетителите може да побараат и водич на руски јазик, како на пример Сергеј Колосов, поранешен детектив во полицијата во Санкт Петербург, кој говори како користел некои од предметите во Музејот.

    „Ова е показател за тоа како две земји, Русија и САД, постојано се обидуваа да добијат тајни една од руга. И Русија може да има ваква изложба за ЦИА. Се надевам дека би направиле“, вели Џим Литл, еден од првите посетители на Музејот.

    Во поставката има и минијатурни микрофони и ѓонови од чевли во кои се криеле документи (Фото: АФП)

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари