ОЛАДЕТЕ ГИ ПИЖАМИТЕ ВО ФРИЖИДЕР ПРЕД СПИЕЊЕ, СОВЕТУВА ГЕРМАНСКИ НАУЧНИК

    ОЛАДЕТЕ ГИ ПИЖАМИТЕ ВО ФРИЖИДЕР ПРЕД СПИЕЊЕ, СОВЕТУВА ГЕРМАНСКИ НАУЧНИКТоплиот бран донесе рекордно високи температури за Централна Европа. Во некои делови на Германија се измерени 38 степени (Фото: СДК.МК)

    Во период на високи температури и подносливи жештини, луѓето имаат проблеми и со спиењето навечер, па еден германски научник професор има неколку совети.

    Ханс- Гинтер Вес, германски експерт за медицина и истражување на спиењето, препорачува да се носат пижами од памук, лен или свила, никако синтетички материјал, и два часа пред да легнете за спиење, да ги ставите во фрижидер за да се оладат.

    Веес советува да се туширате со млака вода пред да легнете да спиете, затоа што ако користите многу ладна вода, порите се стеснуваат и на кожата ѝ е потешко да ја ослободи топлината.

    Научникот е против тоа да се спие гoл, особено со отворен прозорец, затоа што ветерот штетно влијае на испотеното тело и на мускулите.

    Метеролозите низ светот велат дека ова лето се забележани едни од најекстремните временски услови на сите времиња. Повеќе земји се погодени од пожари и суши, а во некои има и жртви.

    Топлиот бран во Европа донесе температури над 38 степени во Париз, Германија и во Швајцаријa, а во Шпанија и Португалија рекордни 47 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира