ПОСТАРИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ТЕШКО ЈА ПРИФАЌААТ ГЕЈ ЗАЕДНИЦАТА, ВЕЛИ ПИТЕР РИГБИ ОД БРИТАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЛГБТ ПОЛИЦИСКА МРЕЖА

    ПОСТАРИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ТЕШКО ЈА ПРИФАЌААТ ГЕЈ ЗАЕДНИЦАТА, ВЕЛИ ПИТЕР РИГБИ ОД БРИТАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЛГБТ ПОЛИЦИСКА МРЕЖАПолицаецот Питер Ригби кој е дел од Националната ЛГБТ полициска мрежа во Велика Британија викендов обучуваше инпектори и студенти од Факултетот за безбедност, за правата на ЛГБТ заедницата и важноста да имаат доверба во полицијата (Фото: СДК.МК)

    Полицајци од Националната ЛГБТ полициска мрежа на Велика Британија, викендов ги обучуваа македонските полицајци и инспектори, за правата за ЛГБТ заедницата. Полицаецот Питер Ригби од полициската станица во Стафордшир, Англија, кој е еден од многумината геј полицајци во неговата земја, на инспектори и студенти од Факултетот за безбедност, им претстави како функционира неговиот оддел и дека припадниците на ЛГБТ заедницата ги имаат истите права како останатите граѓани.

    Националната ЛГБТ полициска мрежа ја сочинуваат 43 полициска сили во Англија, Велс и Северна Ирска. Нивната цел е да ги поддржат и заштитат правата на полицијаците кои поради сексуалната определеност имаат проблеми на работно место, да ја зголемата довербата на ЛБГТ заедницата во полицијата, да помогнат при откривање и решавање на случаите на насилство и говор на омраза, а учествуваат и во организација на настани на ЛГБТ заедницата.

    „Имавме обука во полициската академија во Скопје и работевме со две групи. Првата група беа инспектори, а втората група студенти од втора и трета година на академијата. Предавањето со првата група можам да кажам беше тешко и предизвикувачки. За жал, сите од инспекторите кои се со долгогодишно искуство во полицијата рекоа дека немате припадници на ЛГБТ заедницата во полицијата и дека никогаш нема да имате. Ги прашав и дали познавате некој кој е геј, сите отсечно ми одговорија ‘не, не знаеме’. Но тоа не е невообичаено, тоа е однесување кое го имавме и во Велика Британија пред 20 години. Оваа е средина која мора да се едуцира. За жал, првата група не беше отворена ниту за едукација“, вели Ригби, кој 20 години работи како полицаец.

    Но, на обуката со студентите Ригби вели дека забелажал сосема поинакви ставови за ЛГБТ заедницата, во однос на оние на постарите полицајци.

    „Интересна беше средбата со студентите. На моето прашање дали познаваат луѓе кои се од ЛГБТ заедницата, 80 отсто од нив ми одговорија дека знаат. Кога ги прашав дали мислат дека дискриминацијата на овие лица е оправдана, сите рекоа – Не. Тоа ми дава верба дека работите ќе се сменат по ова прашање и во вашата земја. Овие млади луѓе се иднината на оваа земја, нови лидери во полициските единици, кои ќе го сменат однесување и ќе ја зголемат вербата на ЛГБТ заедницата во полицијата“, додава Ригби.

    На македонските полицајци им објаснил дека основната работа на полицијата е да ги заштити граѓаните без разлика дали се геј или не. Тој им ја раскажал и својата лична приказна, дека и тој имал проблеми на работното место кога кажал дека е геј.

    „И јас имав проблеми на почетокот. Поминав низ турбулентно време за да дојдам до ова сега. Но сега има полицајци кои отворено кажуваат дека се геј, немаат пречки за да се вработат, да напредуваат, ниту некој има проблем со тоа. Тоа кажува дека сме постигнале многу во изминативе 20 години“, вели Ригби за своето искуство како геј полицаец во Англија.

    „Им потенцирав дека насилството врз ЛБГТ заедницата, говорот на омрза, сексуалните напади, како и дискриминацијата од средината и на работното место е недозволена. И припадниците на ЛГБТ заедницата се луѓе и ние како полицајци имаме обврска да ги истражуваме тие напади, да ги заштитиме и да им помогнеме да ги остварат нивните права. Полицијата не треба да осудува туку да си ја врши работата и да почитуваме дека секој е различен“, додава Ригби.

    Тој изминатиов период имал вакви обуки и во други балкански земји, а вели дека Македонија во моментов е на ниско ново во споредба со другите европски земји во почитување на правата на ЛГБТ заедницата. Но додава дека тоа што ситуацијата е таква во моментов не значи дека е погрешно, туку дека земјава се наоѓа пред пат кој треба да се помине.

    „Имав средби и со припадници на ЛГБТ заедницата, ми рекоа дека им е многу тешко и дека немаат доверба во полицијата. Мора на сите граѓани да им е јасно дека ЛГБТ заедницата постои тука исто како што постои и во Велика Британија. Кај вас тие се скриени, поради однесувањето на полицијата, па и на граѓаните. Ако земјата е хомофобична тоа и го нарушува имиџот. Вие сакате да развивате туризам, па кој припадник на ЛГБТ заедница ќе сака да ја посети Македонија, ако знае дека земјата е хомофобична и нема да биде сигурен?“, вели Ригби.

     

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира