ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ ВРАЌААТ СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

    ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ ВРАЌААТ СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈАВојводата и војвотката од Саксес во 2020 се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во САД. (Фото: Инстаграм)

    Принцот Хари и Меган Маркл се враќаат во Обединетото Кралство до крајот на месецов, по шест години поминати во САД. Војводата и војвотката од Сасекс ќе живеат во приватен дом надвор од Лондон, а не во кралска резиденција. Нивните две деца Арчи (7) и Лилибет (5) од септември ќе посетуваат британско училиште. Името на училиштето и адресата се чуваат во тајност.

    Тие се враќаат во Британија како приватни лица односно нема да имаат официјалните кралски должности. Кралот Чарлс бил информиран за нивната одлука непосредно пред таа да стане јавна.

    Изненадувачката најава дека војводата и војвотката од Сасекс ќе се вратат во Обединетото Кралство овој месец повторно ги отвори прашањата за нивото на безбедносна заштита што се финансира од јавни средства во Британија. Нивното обезбедување во Обединетото Кралство беше намалено откако во 2020 се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во САД, каде што сами ги плаќаа трошоците за својата заштита.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира