TАНЧАРИТЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИЈА ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИП ХОП

    TАНЧАРИТЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИЈА ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИП ХОПАна, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко на Светското првенство во хип-хоп позираат со македонското знаме поосвојувањето на златниот медал (Фото: Денсерс јунајтед)

    Танчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс јунајтед“ го освоија првото место во пара-категорија на Светското првенство во хип-хоп танци. Екипата составена од Ана Беќароска, Моника Бисовска, Ена Митревска, Александар Матовски, Оливер Блажевски, Христијан Стојанов и Дарко Ефтимовски денес во Киелце во Полска на Македонија и донесоа златен медал.

    Овие танчери веќе пет години рушат бариери и освојуваат европски и светски медали во различни категории

    Нивните тренери и ментори Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска велат дека Ана, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко се вистински амбасадори на нашата држава и дека уште еднаш докажаа дека кога ќе им се даде шанса можат и умеат да го направат невозможното – возможно.

    „Среќна сум за првото место“, вели Мони.

    Кико вели дека дека е презадоволен и дека има планови за нови победи во иднина.

    „Се чувствувам многу убаво, ми се исполни желбата да бидеме први. Неизмерна радост е да се биде прв во светот и да се слушне химната на мојата држава во толкава сала и помеѓу толку држави. Сите сме пресреќни и сега славиме!“, вели Ана.

    Ана, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека се среќни што се прваци и дека имаат планови и за победи во иднина.

    Дарко вели дека кога на разглас кажале дека се први чувството било преубаво и срцето му се исполнило со радост. Цако вели дека многу му е убаво што се прваци, а Оли вели: „Јас го носев бројот и го земав пехарот“.

    „Ова е одлично крунисување на нашата работа и на овие танчери , но ние не застануваме тука. Нѐ чекаат уште многу проекти и натпревари. Не можам да се заситам со оваа среќа и среќата што моите танчери ја доживуваат и споделуваат со сите околу, па затоа ова е само почеток“, вели Сара Кочан, една од тренерите во „Денсерс јунајтед“.

    Сара Кочан една од тренерите во танцовото студио „Денсерс јунајтед“ вели дека првото место е круна на нивната досегашна работа

    Овие танчери веќе пет години рушат бариери и освојуваат европски и светски медали во различни категории. Тие ги држат титулите Европски шампиони во латино шоу јуниори, а тие се и европски шампиони во повеќе пара категории освоени годинава во мај.

    Лани на Светското првенство во модерни танци што се оддржа во Копенхаген го освоија третото место.

    Е.БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари