ВО МОСКВА ЗА ДВА ДЕНА НАВРНА СНЕГ КОЛКУ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, УРНАТ 100-ГОДИШЕН РЕКОРД

    ВО МОСКВА ЗА ДВА ДЕНА НАВРНА СНЕГ КОЛКУ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, УРНАТ 100-ГОДИШЕН РЕКОРДЕден човек почина, а околу 2.000 дрвја се урнаа под тешките снежни наноси, кажа градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин (Фото: АП)

    Снежните врнежи во Москва се најобилните во еден век, соопшти кабинетот на московскиот градоначалник, бидејќи од повеќекратните бури за два дена во главниот град на Русија наврнале 45 сантиметри снег.

    Количината снег што последните два дена падна во Москва, според кабинетот на градоначалникот, е просекот колку што врне снег за цел Февруари.

    Според прогнозите денес треба да наврнат дополнителни 15 до 20 сантиметри снег.

    „Изминатиот ден 1,2 милиони кубни метри снег беа исчистени од улиците на Москва, кажа Петар Бирјуков, заменик градоначалник на Москва.

    Еден човек почина, а околу 2.000 дрвја се урнаа под тешките снежни наноси, кажа градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

    Над 100 лета беа одложени или откажани денес на трите поголеми аеродроми во Москва. Илјадници градски работници цело време работеа за да ги одржат патиштата и метро системот проодни.

    Снегот и смрзнатиот дожд поплавија многу патишта, а лошото време предизвика масовни падови на напојувањето со електрична енергија во околината на Москва.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари