ВОЕНИОТ ОРКЕСТАР НА САД ЗА ЕВРОПА НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ ЗА 70-ГОДИШНИНАТА НА НАТО

    ВОЕНИОТ ОРКЕСТАР НА САД ЗА ЕВРОПА НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ ЗА 70-ГОДИШНИНАТА НА НАТОДваесетина музичари на Воениот оркестар на САД за Европа настапија на Плоштадот Македонија (Фото: К. Попов)

    Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа денес одржа концерт пред Камениот мост во Скопје, како дел од НАТО неделата (3-9 април), во чест на одбележувањето на 70 години од постоењето на НАТО алијансата.

    Неделата на НАТО во Македонија ја организира Министерството за одбрана, а планирани се повеќе активности за одбележување на 70-годишнината од постоењето на Северноатлантската алијанса.

    Концерто на Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа беше дел од НАТО неделата во Скопје (Фото: К. Попов)

    За време на НАТО неделата ќе бидат организирани дипломатска дискусија на која премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјава ќе дискутираат за процесот за ратификација на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, ќе има и изложба во Воениот музеј, како и промоција на поштенска марка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари