1.296 КОВИД БОЛНИ СЕ ВО БОЛНИЦИТЕ, ОСТАНАА УШТЕ 175 КРЕВЕТИ, ИМА БЛАГ ПАД НА БРОЈОТ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    1.296 КОВИД БОЛНИ СЕ ВО БОЛНИЦИТЕ, ОСТАНАА УШТЕ 175 КРЕВЕТИ, ИМА БЛАГ ПАД НА БРОЈОТ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ„Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“, вели министерот Венко Филипче по состанокот со директорите на клиниките. (Фото: Министерство за здравство)

    Има благ пад на бројот хоспитализирани пациенти поради ковид-19 на дневно ниво, откако минатата недела беше достигнато платото, вели министерот за здравство Венко Филипче по денешниот состанок со директорите на Ковид-центрите од Клиниките во комплексот „Мајка Тереза“.

    „Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На Инфективните оддели има сѐ повеќе слободни места. Секако, ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“, кажа министерот.

    Од Министерството за здравство додаваат дека на сите Инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

    Во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 38 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

    Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 22 приема и тоа три пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во Ковид-центарот на Клиниката за неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло и тројца болни на Клиниката за очни болести. Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 5 нови болни во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

    „Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 816 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.296 и има колку 175 празни болнички кревети во Ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, велат од Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира