12-ГОДИШНИК Е НАЈМЛАДИОТ ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19 ВО КУМАНОВО, ЗАРАЗАТА СЕ ШИРИ ПОРАДИ СВАДБИТЕ И ПРОСЛАВИТЕ ДОМА И ВО РЕСТОРАНИТЕ

    12-ГОДИШНИК Е НАЈМЛАДИОТ ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19 ВО КУМАНОВО, ЗАРАЗАТА СЕ ШИРИ ПОРАДИ СВАДБИТЕ И ПРОСЛАВИТЕ ДОМА И ВО РЕСТОРАНИТЕПричината за големиот број на новозаболени е од тоа што никој не ги почитува мерките, никој не носи маски ниту држи дистанца и ние очекувавме дека ова ќе се случи и ќе се одрази врз здравјето на луѓето, вели Ариф Љатифи, директор на Центрот за јавно здравје во Куманово; - Од тестирање за коронавирус во градот. (Фото: СДК.МК)

    Најмалиот заразен со ковид-19 во Куманово е на 12-годишна возраст, а најстариот на 83 години, додека во градот денеска е повторно е на врвот на листата со новозаболени во државата. Во изминатите 24 часа, во Центарот за јавно здравје во Куманово откриени се нови 26 нови сличаи позитивни на ковид-19, од кои 24 се од Куманово и двајца од Липково.

    „Станува збор за различни групи на граѓани кои извршуваат различни професии. Меѓу нив и еден лекар од Кумановската болница. Најмалиот заразен е на 12-годишна возраст, а најстариот на 83 години. Причината за големиот број на новозаболени е од тоа што никој не ги почитува мерките, никој не носи маски ниту држи дистанца и ние очекувавме дека ова ќе се случи и ќе се одрази врз здравјето на луѓето“, вели Ариф Љатифи, директор на Центрот за јавно здравје во Куманово.

    Зголемениот број новозаболени во Кумановско-Липковскиот Регион се должи и на тоа што не се почитува забраната за организирање на свадби и други прослави, кои се прават дома, но и во рестораните. Се очекува дека состојбата дополнително ќе се влоши откако ќе се вратат од одмор граѓаните кои беа во државата и надвор од неа, пред сè во Албанија.

    Во Куманово во изминатото деноноќие нема оздравени пациенти.

    Во болниците низ земјава во моментов има 372 ковид пациенти.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12.840, од кои оздравени се 9.361,  починати 547, а во моментов активни 2.932.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира