Тринаесет пациенти починаа од компликации од ковид-19, а регистрирани се 104 нови случаи од 918 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите позитивни пациeнти по градови се : Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.
Од починатите 13 лица, четири пациенти се од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид центрите.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од: Скопје-283, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-36, Тетово-7, Струга-31, Велес-7, Битола-17, Охрид-50, Кавадарци-25, Гостивар-9, Гевгелија-6, Струмица-6, Крива Паланка-3, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-4, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-5, Неготино-11.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.597, бројката на оздравени пациенти е 67.992, на починати е 2.635, а бројот на активни случаи изнесува 15.970. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37515, активни 9794
• Куманово 4890, активни 466
• Дебар 683, активни 136
• Штип 3382, активни 183
• Прилеп 4383, активни 357
• Тетово 4875, активни 693
• Струга 2094, активни 204
• Велес 2868, активни 382
• Битола 3113, активни 376
• Охрид 2564, активни 399
• Кавадарци 2289, активни 478
• Гостивар 3455, активни 424
• Гевгелија 1217, активни 212 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2390, активни 432
• Крива Паланка 676, активни 102
• Радовиш 649, активни 74
• Крушево 174, активни 23
• Кочани 1656, активни 164
• Пробиштип 462, активни 31
• Демир Хисар 238, активни 29
• Македонски Брод 230, активни 13
• Пехчево 165, активни 22
• Берово 543, активни 64
• Валандово 319, активни 32
• Виница 466, активни 65
• Делчево 683, активни 204 (187 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 201, активни 14
• Свети Николе 1052, активни 65
• Кичево 1612, активни 174
• Ресен 669, активни 114
• Неготино 1084, активни 244 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 918 теста се преку: ИЈЗ-168, ЦЈЗ Скопје-83, Авицена-0, Биотек-94, МАНУ -72, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Систина со PCR метода -243, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -49, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид -19.