35-ГОДИШНА ВЕЛЕШАНКА МЕЃУ ТРОЈЦАТА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, КУМАНОВЦИ НАЈБРОЈНИ ВО 103 НОВИ СЛУЧАИ

    35-ГОДИШНА ВЕЛЕШАНКА МЕЃУ ТРОЈЦАТА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, КУМАНОВЦИ НАЈБРОЈНИ ВО 103 НОВИ СЛУЧАИДенеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Тројца позитивни на ковид-19 меѓу кои и пациентка на 35-годишна возраст починаа од компликации на вирусот во изминативе 24 часа. Починатата 35-годишна е од Бузалково, Велес, без коморбидитети, а почина на Инфективна клиника. Останатите двајца починати се од Скопје на 69-годишна возраст и од Македонски Брод на 77 години.

    Од направени 912 тестирања, регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 и тоа :

    -Скопје 13
    -Куманово 26
    -Штип 5
    -Прилеп 7
    -Тетово 3
    -Охрид 2
    -Кавадарци 6
    -Гостивар 15
    -Гевгелија 2
    -Струмица 1
    -Крива Паланка 2
    -Демир Хисар 7
    -Берово 1
    -Виница 5
    -Делчево 2
    -Свети Николе 3
    -Кичево 2
    -Неготино 1

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Досега, во земјата се направени вкупно 127.196 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12. 840, од кои оздравени се 9.361, починати  547, а во моментов активни се 2.932.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира