39 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 817 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА ЧЕТВОРИЦА, ДОСЕГА ВКУПНО 600 ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА

    39 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 817 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА ЧЕТВОРИЦА, ДОСЕГА ВКУПНО 600 ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВАВо моментов, само еден пациент е приклучен на респиратор во болницата „8 Септември“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 817 направени тестови во последните 24 часа регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19. Починаа четири лица, двајца пациенти од Куманово (43 и 66) и двајца од Скопје (71 и 77), сите во болнички услови.

    Од новите случаи по подолго време Скопје не е со најмногу заразени туку Гостивар со 11, Прилеп 8, па следува Скопје со 7. Во Куманово се регистрирани 3 новите случаи, по два во Тетово, Струга, Гевгелија, и Кочани-2, а по еден во Кратово1 и Свети Николе.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Вкупната ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 14.330, од кои оздравени се 11.062, починати 600, а во моментов активни 2.668. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5.901, активни 854
    • Куманово 1.471, активни 378
    • Дебар 252, активни 84
    • Штип 1.134, активни 148
    • Прилеп 463, активни 115
    • Тетово 1.210, активни 163
    • Струга 562, активни 60
    • Велес 270, активни 31
    • Битола 203, активни 39
    • Охрид 337, активни 34
    • Кавадарци 182, активни 80
    • Гостивар 789, активни 237
    • Гевгелија 51, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 65, активни 21
    • Крива Паланка 46, активни 17
    • Радовиш 42, активни 6
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 145, активни 29
    • Пробиштип 80, активни 14
    • Демир Хисар 60, активни 16
    • Македонски Брод 71, активни 18
    • Пехчево 18, активни 12
    • Берово 57, активни 48
    • Валандово 9, активни 2
    • Виница 70, активни 36
    • Делчево 59, активни 50 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 19, активни 4
    • Свети Николе 288, активни 64
    • Кичево 269, активни 66
    • Ресен 146, активни 0
    • Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 817 теста се преку: ИЈЗ- 196, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-148, Биотек-178, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –92, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-0, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 108
    • Гази Баба – 102
    • Аеродром – 107
    • Карпош – 88
    • Центар – 81
    • Кисела Вода – 100
    • Ѓорче Петров – 55
    • Бутел – 66
    • Шуто Оризари – 32
    • Студеничани – 25
    • Сарај – 25
    • Арачиново – 15
    • Илинден – 14
    • Сопиште – 6
    • Чучер Сандево – 4
    • Петровец – 10
    • Зелениково – 3
    • Странец – 9
    • Нераспределен – 1

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира