41 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19 ОД КОИ 17-МИНА ОД СКОПЈЕ, УШТЕ 1.022 ПОЗИТИВНИ ОД 3.127 ТЕСТОВИ

    41 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19 ОД КОИ 17-МИНА ОД СКОПЈЕ, УШТЕ 1.022 ПОЗИТИВНИ ОД 3.127 ТЕСТОВИОва е највисоката дневна бројка на починати од ковид-19 досега. Еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Четириесе и еден пациент почина од компликации на ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Ова е највисоката дневна бројка на починати од ковид-19 досега.

    Регистрирани се 1.022 нови случаи од направени 3.127 тестирања, а новите случаи се од : Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод -5, Пехчево-1, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-36, Ресен-6, Неготино-27.

    Од починати 41 лице, седумнаесет пациенти се од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г), двајца од Прилеп (56 и 71г), двајца од Велес (76 и 58г), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77г ), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66г), еден пациент од Кавадарци (67г), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54г), тројца од Струмица (78, 63 и 70г), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (85г), еден од Валандово (75г) и еден пациент од Кичево (66г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.248, а во ковид-центрите има 175 празни болнички кревети.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти и тоа Скопје-274, Куманово-34, Дебар-3, Штип-29, Прилеп-51, Тетово-43, Велес-37, Битола-28, Охрид-11, Кавадарци-15, Гостивар-19, Гевгелија-6, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-15, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-5, Валандово-6, Виница-7, Делчево-4, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-2 и Неготино-10.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60.723, бројката на оздравени пациенти е 37.505, на починати е 1.699, а бројот на активни случаи изнесува 21.519. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 26602, активни 10382
    • Куманово 3686, активни 933
    • Дебар 460, активни 95
    • Штип 2622, активни 550
    • Прилеп 2969, активни 1073
    • Тетово 3770, активни 949
    • Струга 1412, активни 448
    • Велес 1943, активни 726
    • Битола 1980, активни 851
    • Охрид 1571, активни 628
    • Кавадарци 1213, активни 479
    • Гостивар 2479, активни 939
    • Гевгелија 712, активни 227 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 129 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1680, активни 592
    • Крива Паланка 423, активни 120
    • Радовиш 421, активни 114
    • Крушево 130, активни 76
    • Кочани 1227, активни 287
    • Пробиштип 354, активни 83
    • Демир Хисар 197, активни 87
    • Македонски Брод 168, активни 49
    • Пехчево 97, активни 23
    • Берово 347, активни 84
    • Валандово 206, активни 66
    • Виница 367, активни 158
    • Делчево 439, активни 191 (123 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 152, активни 57
    • Свети Николе 821, активни 228
    • Кичево 1254, активни 516
    • Ресен 458, активни 198
    • Неготино 563, активни 310 (67 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.127 теста се преку: ИЈЗ-751, ЦЈЗ Скопје-62, Авицена-284, Биотек-296, МАНУ -206, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Систина со PCR метода -247, лабораторија Лаор –51, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-63, Ремедика-41, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -791, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на ковид -19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира