ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, СТРУМИЦА, КРИВА ПАЛАНКА, РЕСЕН И БОГОВИЊЕ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ ГРАДИНКИ

    ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, СТРУМИЦА, КРИВА ПАЛАНКА, РЕСЕН И БОГОВИЊЕ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ ГРАДИНКИМинистерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори со градоначалниците на петте општините за доделување грантови за изградба на нови градинки во вредност од околу 3,7 милиони евра.(Фото: Влада на РСМ)

    Општините Крива Паланка, Ѓорче Петров, Ресен, Струмица и Боговиње ќе добијат нови градинки. Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори со градоначалниците на петте општините за доделување грантови за изградба на нови градинки во вредност од околу 3,7 милиони евра.

    Како што кажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска овие пет градинки ќе имаат капацитет за вкупно 760 деца.

    „За првпат по долго време, во нашата држава ќе се градат вакви големи објекти, бидејќи ја препознаваме клучната улога на предучилишното образование за раст и развој на децата. Инвестираме во нови градинки, но исто така вложуваме и во луѓето кои ги обликуваат нашите идни генерации. Во август, потпишавме договори со Општините Кавадарци, Неготино, Кочани и Кисела Вода и тие постапки се веќе тендерирани“, рече Царовска.

    Средствата за овие грантови се обезбедени со поддршка од Светска банка. Кон  средина на 2020 ќе биде објавен нов јавен повик до општините да конкурираат со проекти за изградба на градинки.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари