АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА НА 27 АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТО

    АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА НА 27 АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТОЗа обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, судијката Славица Андреевска на 5 јули 2018 во Кривичниот суд на седуммината обвинети им изрече неправосилни затворски казни во вкупно траење од 85 години; - Од изрекувањето на пресудата. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ги потврди сите затворски казни за обидот за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, што им ги изрече Основниот суд Скопје 1 лани. За обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, судијката Славица Андреевска на 5 јули 2018 во Кривичниот суд на седуммината обвинети им изрече неправосилни затворски казни во вкупно траење од 85 години.

    Кире Георгиевски е осуден на 13 години затвор, Андреј Мицов на 10 години и 6 месеци, Никола Војминовски 13 години и 6 месеци, Коста Делов 10 и пол години, Александар Јаневски-Тошта доби 13 години, Оливер Ошавковски 10 години и 6 месеци, Николче Димитриевски на 10 и пол години затвор. Виновни се дека со умисла се обиделе да го убијат Зијадин Села.

    Обвинението го поднесе и го застапуваше обвинителот Дарко Јакимовски од Јавното обвинителство Скопје.

    Претходно, Стојан Павлевски по признавање на вината беше осуден на 3 години затвор, а Цејо Георгиевски, татко на Кире, на 14-месечна затворска казна. Двајцата беа осудени за насилства, бидејќи од снимките се виде дека немале контакт со оштетениот Села.

    Обвинителот Дарко Јакимовски тогаш кажа дека Села е жив, благодарение на тоа што обвинетите биле уверени дека го убиле. Судијката тогаш прочита 15-тина дијагнози, тешки повреди на Села на мозокот, на главата. Со дел од нив Села живее и денес.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари