АРМИЈАТА ОД ВЕЧЕРВА ВО ДЕБАР ЗА ПОМОШ НА НАСЕЛЕНИЕТО ПО ВОВЕДУВАЊЕ НА КРИЗНАТА СОСТОЈБА

    АРМИЈАТА ОД ВЕЧЕРВА ВО ДЕБАР ЗА ПОМОШ НА НАСЕЛЕНИЕТО ПО ВОВЕДУВАЊЕ НА КРИЗНАТА СОСТОЈБАПретседателот Стево Пендаровски даде наредба припадници на Армијата да се вклучат во помош на локалната самоуправа на Дебар и Центар Жупа, и на полицијата во спречување на ширењето на коронавирусот.(Фото: К.Попов)

    Армијата од вечерва до 11 април ќе биде вклучена во справување со кризната состојба во Дебар и Центар Жута. Претседателот Стево Пендаровски даде наредба припадници на Армијата да се вклучат во помош на локалната самоуправа на Дебар и Центар Жупа и на полицијата во спречување на ширењето на коронавирусот.

    „Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба“, информираа вечерва од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

    Претседателот Пендаровски денеска на прес-конференција најави дека в понеделник ќе се одржи состанок на Советот на безбедност, на кој покрај стандардниот состав ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, со цел да се разгледаат понатамошните мерки кои би се презеле заради состојбата со коронавирусот. Пендаровски смета дека сега за сега нема потреба да се воведе вонредна состојба во земјата.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари