АРМИЈАТА СЕ ВКЛУЧУВА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ ОБЈЕКТИ, КАЖА ШЕКЕРИНСКА

    АРМИЈАТА СЕ ВКЛУЧУВА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ ОБЈЕКТИ, КАЖА ШЕКЕРИНСКАЌе бидат формирани мобилни екипи меѓу армијата и полицијата, кои ќе вршат проверка за влезови и излези, како и контрола за почитување на полицискиот час и на самоизолација.(Фото: Влада)

    Од денеска Армијата се вклучува во спроведување на мерките за спречување на понатамошно ширење на коронавирусот, кажа министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Армијата ќе дава поддршка на сите државни органи, пред сè на полицијата во спроведување на полицискиот час, обезбедување објекти, границата и затворите.

    „Одлуката за ангажирање на полицијата во овие моменти не беше лесна, но е оправдана. Армијата ќе има три задачи. Прво ќе преземе целосна контрола на границата за да се спречи нелегален влез. Гранична полиција ќе има на границите, но целата линија ќе биде под контрола на Армијата, за да може полицијата да повлече дел од луѓето и да се сконцентрира на задачите внатре во земјата. Ќе бидат формирани мобилни екипи меѓу армијата и полицијата, кои ќе вршат проверка за влезови и излези, како и контрола за почитување на полициски час и на самоизолација. Ако не се почитува самоизолацијата лицето веднаш ќе биде пренесено во државен карантин“, рече Шекеринска.

    Армијата од денеска ќе ги обезбедува и државните објекти како Собранието, Владата и затворите. Шекеринска кажа полската болница која ја има Армијата ќе биде целосно ставена во функција на јавното здравје и ќе биде поставена кај Инфективната клиника.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира