АРСОВСКА НИШТО НЕ РАБОТИ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА, А ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е ЕДЕН ОД КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ

    АРСОВСКА НИШТО НЕ РАБОТИ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА, А ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е ЕДЕН ОД КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИДоговорот за изградба на пречистителната станица е потпишан со германската фирма „ВТЕ Васертехник“, но работите се закочени бидејќи не се одржуваат редовните состаноци за имплементација на проектот. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја прозва градоначалничката Данела Арсовска дека не работи на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. На средба со новинарите во македонската амбасада во Берлин, Ковачевски кажа дека и животната средина е еден од критериумите за членство во Европската унија.

    На секое поглавје секоја држава согласно Копенхашките критериуми може да даде забелешки во однос на реформите и напредокот. Значи секоја држава, а и не мора да каже друга држава, и сами можеме да кажеме дека реката Вардар е најзагадена река во Европа. Животната средина е еден од критериумите за пристапувањето во ЕУ. За таа цел од страна на Владата беа испреговарани сите услови за кредит и грант од Европската унија. Тој проект не се работи оти оние кои ја добија власта во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска не работат на него“, рече Ковачевски.

    Од 200 милиони евра вредниот проект, 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија.

    Договорот за изградба на пречистителната станица е потпишан со германската фирма „ВТЕ Васертехник“, но работите се закочени бидејќи не се одржуваат редовните состаноци за имплементација на проектот, бидејќи на нив не учествуваат претставници од Град Скопје. Поради ингорантскиот однос на Градот минатиот месец претставници на европските банки го замрзнаа нивното учество на состаноците.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира