БЕБЕТО И МАЈКАТА СЕ НА ГИНЕКОЛОГИЈА И СЕ ДОБРИ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО ОД СЕМЕЈСТВОТО НА РОДИЛКАТА

    БЕБЕТО И МАЈКАТА СЕ НА ГИНЕКОЛОГИЈА И СЕ ДОБРИ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО ОД СЕМЕЈСТВОТО НА РОДИЛКАТА„Категорично ги отфламе информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за гинекологија“, велат од Министерството за здравство

    Министерството за здравство соопшти дека до Министерството за внатрешни работиподнело пријава за насилно однесување против семејството на родилката, по инцидентот на Клиниката за гинекологија и акушерство.

    „Категорично ги отфламе информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за гинекологија. Ја информираме јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за гинекологија и нивната здравствена состојба е добра“, велат од Министерството за здравство.

    МВР соопшти дека денес добиле две пријави за инцидентот на Гинекологија, една од граѓанин во која тврди дека му го нема бебето, и втората од Клиниката против истиот граѓанин за дрско и агресивно однесување.

    Таткото на бебето во изјава за ТВ Сител кажа дека на Гинекологија му покажале бебе со погрешно презиме кое било пречкртано, а потоа било напишано презимето од мајката и дека поради тоа се сомнева оти не е неговото бебе.

    Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство д-р Викторија Јовановска, кажа дека во петокот веднаш по породувањето со царски рез му било покажано бебето на таткото, а дека кога се случил инцидентот дежурната лекарка ги замолила роднините да се вратат по 16 часот, кога и мајката ќе ја префрлат од интензивна нега на одделение. Јовановска вели дека таткото револтиран што веднаш не му го покажале бебето почнал да вика и да се заканува на персоналот, а поради агресивното однесување било повикано и обезбедувањето од клиниките.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира