БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 МОЖЕ ДА СЕ ЛЕЧАТ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА САМО СО СОГЛАСНОСТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 МОЖЕ ДА СЕ ЛЕЧАТ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА САМО СО СОГЛАСНОСТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОДенеска во земјава се регистрирани рекордни 870 нови случаи на ковид-19 од 2.647 тестови , а починаа 14 болни. Во моменотов низ болниците во земјава има 625 ковид пациенти< - Монтажната болница до Инфективна клиника. (Фото: К. Попов)

    Болните од коронавирус задолжително се лекуваат во јавни здравствени установи, а лекувањето во приватна установа е дозволено само со претходно дадена согласност од Министерството за здравство, се вели во новиот Закон за заштита на населението од заразни болести што вечерва го изгласа Собранието.

    Според Законот, заболените од ковид-19 задолжително се лекуваат во јавни здравствени установи, а по исклучок, по медицински индикации, се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаа дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови, доколку за тоа постојат услови. Со Законот, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19, од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува ако резултатот е позитивен. За прекршување на самоизолацијата казната е 50 евра.

    „Доколку во јавните здравствени установи се исполнети капацитети за лекување на лицата заболени од коронавирус, доколку кај лицата примени во приватната здравствена установа во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на ковид-19 во нивниот организам, како и во други случаи (недостиг на здравствени работници, здравствени соработници и други вработени лица во јавната здравствена установа и слично), по предходно дадена согласност од страна на Министерството за здравство, лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравствени установи кои имаа дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија“, се вели во Законот.

    Денеска во земјава се регистрирани рекордни 870 нови случаи на ковид-19 од 2.647 тестови , а починаа 14 болни. Во моменотов низ болниците во земјава има 625 ковид пациенти.

    Според новиот Закон, од утре (четврток) сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено. Покрај задолжително носењето маска на отворено, задолжителна е самоизолацијата на оние кои чекаат тест за коронавирус и се забранува групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира