БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ИМА СПРЕМНО КОВИД-ОДДЕЛЕНИЕ АКО ЗАТРЕБА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ИМА СПРЕМНО КОВИД-ОДДЕЛЕНИЕ АКО ЗАТРЕБА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Венко Филипче му мери температура на лидерот на СДСМ Заев при денешната посета на болницата во Кавадарци. (Фото: Фејсбук профил на Зоран Заев)

    Болницата во Кавадарци има спремно одделение ако е потребно да третира пациенти заболени од ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ја посетија болницата.

    „Болницата во Кавадарци е пример за одговорно работење. Во изминатите три години комплетно е сменета сликата на оваа установа. Набавена е нова опрема, зголемени се платите на сите здравствени работници и значително е подобрена инфаструктурата. Целосно е реновирано педијатриското одделение, зголемен е бројот на лекари специјалисти, од темел е реновиран запуштен дел од болницата и пренаменет во идно интернистичко одделение за жени и има најсовремена медицинска опрема“, објави Филипче на својот официјален фејсбук профил.

    Според денешните податоци објавени од Министерството за здравство во 11 болници или инфективни одделенија во земјава вкупно се хоспитализирани 419 боли од коронавирус.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, вкупно се хоспитализирани 84 пациенти, на кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти, на респираторна машина се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира