БРИСЕЛ ГО СОПРЕЛ ЗАКОНОТ ЗА ВЛАДИНО РЕКЛАМИРАЊЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:287:"Европскатакомисијапредупредувадекавладиноторекламирањебиималосилновлијаниеврзмедиумскиотпазар,вокојВладатаидосегабешенајголемогласувач";s:9:"td_source";s:58:"Брисел,Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БРИСЕЛ ГО СОПРЕЛ ЗАКОНОТ ЗА ВЛАДИНО РЕКЛАМИРАЊЕ

    Многу остро писмо од Европската комисија упатено до македонската Влада е причина за повлекување на законот за владино рекламирање во медиумите, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од дипломатски извори во Брисел. Основната забелешка е дека владиното рекламирање би имало силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој Владата и досега беше најголем огласувач.

    Вчерашното ненадејно повлекување на законот од собраниска процедура е резултат на укажувањата од ЕК дека таков закон не само што не е европски, туку не е ни договорен со гаранторите на Пржинскиот договор ЕУ и САД, а Владата манипулира токму на начин што сака да создаде впечаток дека го носи по барање на ЕУ, претставувајќи ги решенијата како европски.

    Законот вчера беше повлечен со писмо што до собранискиот спикер Трајко Вељаноски го испрати вицепремиерот Никола Тодоров, а не премиерпт Емил Димитриев. Нема образложение зошто законот е повлечен, иако до пред само неколку дена, министерката за информатичко општество и јавна администрација Марта Арсовска – Томовска го бранеше предложениот текст и организираше јавни расправи тврдејќи дека со него ќе се стави ред во рекламирањето.

    САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека со прекорот што пред неколку дена од Брисел бил испратен до официјално Скопје се укажува дека со ваков закон не само што се остава простор за контрола на уредувачка политика во медиумите, туку тој е и директно мешање на државата во приватни бизниси што е спротивно на основите на пазарната економија во европските демократски системи. Се укажува и дека обврска на јавните институции е да ги направат достапни сите информации поврзани со нивната работа, а не јавните пари да ги користат за промоција на владините политики, за што впрочем и се платени од буџетот на граѓаните.

    Според последниот договор на четворицата лидери потписници на Пржинскиот договор, регулирањето на медиумскиот пазар беше оставено за по евентуалните избори на 11 декември. Лидерите презедоа обврска во рок од 100 дена по завршувањето на изборите Владата да предложи нов закон за медиуми. Но, ниту СДСМ, од која вчера се пофалија дека законот бил повлечен оти тие „жестоко реагирале“ никогаш јавно не излезе со став дали ваков закон за владино рекламирање е резултат на преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, или е само измислица на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

    На предложениот закон жестоко се спротивстави Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и одби да учествува на дебатите организирани од министерката Томовска Арсовска со образложение дека со него ќе се легализира корупцијата на медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира