ЧАТАЛОТ ГО ПРОБИ КОРДОНОТ, ОБОЕНА ФАСАДАТА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЧАТАЛОТ ГО ПРОБИ КОРДОНОТ, ОБОЕНА ФАСАДАТА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

    Чаталот ја погоди и барокната фасада на Министерството за финансии. Преку преминот зад Градски ѕид, во близина на кафулето „Корзо“, специјалната единица за боење успеја три пати да ја погоди фасадата на Министерството. Балоните со боја летаа над главите на полицајците кои во кордон го блокираат пристапот до Министерството, а некои завршија и во нив.

    Тензиите од пред половина час, кога поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се обидуваше да го пробие кордонот, се смирени. Спасовски си замина, но со демонстрантите остана Кире Наумов, поранешниот заменик-министер за финасии.

    Мото на вечерашниот протест е „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте“. Антивладините демонстранти протестираат против одлуката на Владата да се задолжи кај комерцијалните банки со еврообврзница од 650 милиони евра.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари