ДЕНЕС ПОЧНУВА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА – ДОКТОРИ, ПЕЈАЧИ И ГЛУМЦИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ

    ДЕНЕС ПОЧНУВА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА – ДОКТОРИ, ПЕЈАЧИ И ГЛУМЦИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИНа овие избори за првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите.(Фото: СДК.МК-Архивска фотографија)

    Денеска почнува изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври. Кампањата ќе трае до 15 октомври на полноќ, кога почнува избориот молк. Во оние општини каде нема да се избере градоначалник во првиот круг, ќе се одржи втро круг на 31 октомври, а кампањата ќе трае до 29 октомври.

    На овие локални избори како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК) пријавени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници. Покрај политичките партии, кандидати за градоначалници и листи со советници пријавија и неколку граѓански здруженија и организации.

    Ќе се избираат градоначалници и совети во 80 Општини плус Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Меѓу кандидатите за градоначалници и советници покрај политичари има и доктори, пејачи, глумци и бизнисмени.

    На Локалните избори 2021 за првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за утврдување на идентитет и за избегнување на евентуални неправилности при гласањето.

    На изборите ќе може да гласаат 1.824.864 милиони граѓани. Од вкупниот број на гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147. Во Посебните извори од Избирачкиот список се запишани 82.461 лица, кои се наоѓаат на привремена работа или престој во странство, согласно евиденцијата на надлежниот орган, 1.899 гласачи кои на денот на изборите се наоѓаат во затвор или во притвор, 351 лице е во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

    Изборите ќе се одржат со почитување на мерките и препораките за заштита од ковид-19.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира