ЗА ВЕЧЕРВА НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ И ВО ШТИП И КУМАНОВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ВЕЧЕРВА НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ И ВО ШТИП И КУМАНОВО

    Неколку граѓански организации најавија дека од вечерва покрај во Скопје, ќе се протестира и во Штип и во Куманово.

    Граѓанското здружение „Протестирам“ по вчерашната пауза најавува повторно протест во Скопје што ќе тргне од истото место од каде што тргаше и минатата недела, од пред седиштето на СЈО. Приклучување на протестот најави и здружението „Беса“.

    Вчеравечер во Битола се случи инцидент кога во туркањето со полицијата пред општинската зграда полесно беа повредени десетина демонстранти и четири полицајци.

    Демонстрантите се обидоа на сила да влезат во опптинската зграда во Битола - аматерска фотографија

    Демонстрантите се обидоа на сила да влезат во опптинската зграда во Битола – аматерска фотографија

    Синоќа имаше протести и во Велес.

    Мала група Македонци кои живеат во САД, вчера протестираа пред Македонската амбасада во Вашингтон.

    Демонстрантите бараат оставка на претседателот Ѓорге Иванов, повлекување на одлуката за аболиција на политичари, одложување на предвремените избори закажани за 5 јуни и формирање техничка влада што ќе обезбеди услови за веродостојни услови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари