ДИМИТРИЕВ, ТОДОРОВ, КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА И ГРУЕВСКИ КРИЈАТ ДЕКА СЕ ПРАТЕНИЦИ, НЕ ДАВААТ СЛИКИ ВО СОБРАНИЕ

ДИМИТРИЕВ, ТОДОРОВ, КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА И ГРУЕВСКИ КРИЈАТ ДЕКА СЕ ПРАТЕНИЦИ, НЕ ДАВААТ СЛИКИ ВО СОБРАНИЕТехничкиот министер Никола Тодоров на седница во Собранието (лево); Техничката министерка Елизабета Канческа-Милевска се прегрнува со еден од напаѓачите во Собранието со фантомка на главата на 27 април (средина); Пратеникот Никола Груевски на конститутивната седница (десно); (Фото: СДК.МК и Фејсбук/принтскрин)

Од конституирањето на Собранието на 30 декември лани, техничкиот премиер Емил Димитриев, техничките министри Елизабета Канческа – Милевска и Никола Тодоров, но и пратеникот Никола Груевски, до денеска не испратиле фотографии и лични податоци за веб страната на Собранието.

„Скоро сите пратеници од новиот парламентарен состав испратија фотографии, лични податоци за датум и место на раѓање, како и за степен на завршено образование, само највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Никола Груевски, техничкиот премиер Емил Димитриев, техничките министри Елизабета Канческа – Милевска, Никола Тодоров и други функционери кои беа избрани за пратеници, не праќаат податоци до собраниските служби. Без нивните фотографии и основни податоци, не можеме да ја ажурираме веб страната на Собранието“, велат собраниските служби, на прашањето зошто пратеничкиот состав 2016-2020 година на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ брои само 36 пратеници.

За разлика од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски, 49-те пратеници на СДСМ сите до еден ги има со слика и податоци на веб страната на Собранието. Во пратеничкиот состав на СДСМ го има и лидерот Зоран Заев, кој 4 месеци чекаше мандат од претседателот Ѓорге Иванов за формирање нова влада.

„Груевски до последно мислеше дека ќе прави влада или дека ќе има нови избори. Истото го мислеа и техничките министри, кои на 12 декември беа избрани за пратеници и не сакаа да пратат фотографии за да ги ставиме како членови на пратеничкта група, со останатите колеги од нивната партија, кои навреме си ја исполнија оваа должност кон Собранието. На 17 мај Иванов му го даде мандатот на Заев, но оттогаш не стигнаа фотографии од овие пратеници“, велат во собраниските служби.

Во тие 15 пратеници чии податоци што фалат во пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ 2016-2010, имало и планирани заменици-министри, директори и други потенцијални државни функционери, во случај да формирал влада пратеникот Никола Груевски.

С. К. ДЕЛЕВСКА

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира