ГРАДОТ ВРИЕШЕ, ИВАНОВ ВЕЧЕРАШЕ СО КОЛИНДА И БОРУТ ВО ВИНАРИЈА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:312:"ИвановодлукатазааболицијаиамнестијанаполитичаритеосомниченизакриминалодприслушуванитеразговоријасоопштидодекаиПахориГрабар-КитаровиќлетаазаСкопје";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАДОТ ВРИЕШЕ, ИВАНОВ ВЕЧЕРАШЕ СО КОЛИНДА И БОРУТ ВО ВИНАРИЈА

    Додека траеја протестите во центарот на Скопје поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција и амнестија на политичарите осомничени за криминал од прислушуваните разговори, Иванов беше на вечера со претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ, во една винарија на периферијата на главниот град.

    Тие вчера беа во Скопје да се информираат за актуелните случувања во регионот и во Европа и за мигрантската криза.

    Иванов одлуката за аболиција и амнестија на политичарите осомничени за криминал од прислушуваните разговори ја соопшти вчера доцна попладне, додека и Пахор и Грабар-Китаровиќ летаа за Скопје.

    protest protiv ivanov (8)

    Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје (Фото:СДК.МК)

    Еврокомесарот Јоханес Хан, во исто време додека Иванов се сликаше со хрватската претседателка и словенечкиот претседател, на Твитер напиша: „Денешните активности на преседателот Иванов не се во согласност со моето разбирање на правната држава“. Хан изјави дека веќе се сомнева оти во Македонија се можни веродостојни избори.

    21272_johanes_f

    Еврокомесарот Хан изјави дека по ова веќе се сомнева оти во Македонија се можни веродостојни избори

    Претставниците на меѓународната заедница изјавија дека се сомневаат во посветеноста на Македонија кон владеење на правото.

    Во соопштението од Кабинетот на претседателот за средбата со Грабар-Китаровиќ и со Пахор стои дека неговите колеги од Хрватска и Словенија, инаку и двете земји членки на ЕУ, разговарале и за „македонските европски и евроатлански интеграции и предизвиците со кои се соочува земјата на внатрешен план.“ Иванов ги информирал соговорниците и за одлуката да ги аболира политичарите кои се осомничени за криминал во прислушуваните телефонски разговори.

    Protest 2-1 Zaev pred Vlada

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот бна Достоинство Стојанче Ангелов им се придружија на протестите пред зградата на Владата (Фото: СДК.МК)

    Откако беше објавена одлуката на Иванов за аболицијата, околу 18 часот почнаа граѓански протести организирани преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Демонстрациите почнаа прво пред СЈО во знак на поддршка на Специјалната обвинителка, а потоа се префрлија пред Канцеларијата на претседателот за односи со граѓаните, која што демонстрантите ја гаѓаа со јајца. Демонстрантите потоа се обидоа да стигнат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но беа спречени од полицијата да влезта на плоштадот ВМРО. Тие извикуваа „ВМРО – мафија!“.

    Лидерите на СДСМ и на Дстоинство Зоран Заев и Стојанче Ангелов им се придружија на демонстрантите и заедно се упатија кон Владата на чија зграда беа фрлени неколку јајца. Демонстрантите го пречекаа Заев со извиците: „Пуштете ги бомбите“. Некои од демонстрантите му викаа на лидерот на СДСМ дека премногу тактизира.: „Доста се сликате, направи нешто!“ Заев рече дека СДСМ не е организатор на протестот, но тој и неговите сопартијци дошле да изразат поддршка.

    Попладнето лидерот на СДСМ Зоран Заев повика на протести откако побара оставка од претседателот Ѓорге Иванов обвинувајќи го дека извршил државен удар.

    Бидејќи немаше формален организатор на протестите, ситуацијата беше малку хаотична. По 20-на минути пред  Влада, демонстрантите пак се вратија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и се обидоа да го пробијат силниот полициски кордон, но беа одбиени. Нешто по 23 часот протестот заврши.

    Околу 22.30 часот група од 150-200 граѓани  се упати на протест пред седиштето на СДСМ, на улицата Павел Шатев. Во непосредна близина е и зградата во која живее поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Не беше објавено кој ги организирал овие протести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари