ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ КУМАНОВЦИ И 108 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.902 ТЕСТОВИ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ КУМАНОВЦИ И 108 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.902 ТЕСТОВИ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕНоворегистрирани најмногу има во Скопје 45 и во Куманово 18; - Брза помош пред болницата „8 Септември“ во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Починати се двајца пациенти од Куманово (64 и 72 години), а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 од 1.902 тестирања во последните 24 часа, соопшти Министерствоот за здравство. Новорегистрирани најмногу има во Скопје 45 и во Куманово 18.

    Во другите градови регистрирани се:
    -Дебар 1
    -Штип 11
    -Прилеп 3
    -Тетово 2
    -Струга 4
    -Велес 4
    -Гостивар 9
    -Струмица 2
    -Виница 2
    -Делчево 4
    -Свети Николе 3

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од:
    -Скопје 32
    -Дебар 1
    -Штип 20
    -Прилеп 4
    -Тетово 4
    -Велес 3
    -Битола 5
    -Гостивар 11
    -Кочани 2
    -Демир Хисар 1
    -Македонски Брод 8
    -Свети Николе 9
    -Кичево 12

    Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 13.076, од кои оздравени се 9.625, починати 551, а во моментов активни се 2.900. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5502, активни 917
    • Куманово 1312, активни 301
    • Дебар 227, активни 67
    • Штип 1072, активни 249
    • Прилеп 373, активни 42
    • Тетово 1155, активни 155
    • Струга 529, активни 175
    • Велес 247, активни 28
    • Битола 187, активни 68
    • Охрид 315, активни 72
    • Кавадарци 161, активни 106
    • Гостивар 687, активни 296
    • Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)
    • Струмица 54, активни 25
    • Крива Паланка 30, активни 5
    • Радовиш 38, активни 10
    • Крушево 16, активни 1
    • Кочани 128, активни 27
    • Пробиштип 71, активни 19
    • Демир Хисар 60, активни 36
    • Македонски Брод 65, активни 36
    • Пехчево 8, активни 2
    • Берово 17, активни 8
    • Валандово 7, активни 1
    • Виница 58, активни 43
    • Делчево 18, активни 13 (5 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 15, активни 1
    • Свети Николе 264, активни 55
    • Кичево 247, активни 116
    • Ресен 146, активни 1
    • Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1902 теста се преку: ИЈЗ-545, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-242, Биотек-370, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-335, Систина со PCR метода -184, Судска медицина -7, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-16, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 126
    • Аеродром – 116
    • Гази Баба – 116
    • Карпош – 92
    • Центар – 86
    • Кисела Вода – 81
    • Бутел – 68
    • Ѓорче Петров – 64
    • Шуто Оризари – 45
    • Студеничани – 30
    • Сарај – 28
    • Арачиново – 17
    • Илинден – 12
    • Сопиште – 10
    • Чучер Сандево – 7
    • Петровец – 7
    • Зелениково – 5
    • Странец – 3
    • Нераспределен – 4

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира