ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ФРЛЕНА ВО КУЌА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ВО КИЧЕВО

    ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ФРЛЕНА ВО КУЌА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ВО КИЧЕВОПред повеќе од еден месец на истиот јавен обвинител од страна на непознато лице, со нож му беа исечени гумите од возилото.(Фото: СДК.МК)

    Експлозивна направа била фрлена во куќата на јавен обвинител од Обвинителството во Кичево, при што дошло до експлозија и пожар. Од пожарот кој избувнал во помошната просторија на куќата, оштетено е и возилото кое било паркирано пред куќата.

    Пред повеќе од еден месец на истиот јавен обвинител од страна на непознато лице, со нож му беа исечени гумите од возилото.

    „Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството  врши проверка и на видео записите од  камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира