ЕЛЕНА ПЕТРОВА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА УЈП, БОБАН НИКОЛОВСКИ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА, АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ НА БЈБ, А ЈАНУШЕВ Е ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА

    ЕЛЕНА ПЕТРОВА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА УЈП, БОБАН НИКОЛОВСКИ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА, АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ НА БЈБ, А ЈАНУШЕВ Е ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТАВладата на премиерот Мицкоски на првата едница именуваше раководни кадри на повеќе државни институции. (Фото: К. Попов)

    Елена Петрова е нова директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), одлучи Владата на денешната прва седница. Петрова беше дополнителна заменичка-министер за финансии во последната техничка Влада, а 25 години работи во УЈП. Пратеникот Бобан Николовски нов директор на Царинската управа. Експратеникот Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата , а поранешниот управител на ЕЛЕМ Турс Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи.

    Александар Јанев е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Јанев има 27-годишна полициска кариера, работел на различни позиции во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои и главен инспектор во Секторот за обезбедување и заштита на личности и објекти и раководел со четири сектори со 300-350 вработени во областа на организираниот криминал, корупцијата, транснационалниот криминал, тероризмот и насилниот екстремизам. За државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски, доскорешен директор на Јавно претпријатие „Куманово Паркинг” во Општина Куманово.

    За шеф на Канцеларијата на премиерот е назначен Владимир Нелоски, кој е советник советник во Град Скопје, а негов заменик е Саше Павлоски кој повеќе години работел во Владата.

    „Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март. Владата одлучи и дека Меѓународниот универзитет во Струга на градоначалникот Рамиз Мерко не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена на денешната седница“, Соопшти Владата.

    На седницата, Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски е задолжен од општините да прибере информација за проценка на штетите од невремето за да се направи проценка на износите на штета. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информираше за штетите предизвикани од невремето врз Драмскиот театар, пришто е најавена ревизија на постапувањето на минатата управа на Театарот и континуираната негрижа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира