ЕПИДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 СТИВНУВА КАЈ НАС, НО НЕ СМЕЕМЕ ДА РИЗИКУВАМЕ ДА ИМАМЕ УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН БРАН, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ЕПИДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 СТИВНУВА КАЈ НАС, НО НЕ СМЕЕМЕ ДА РИЗИКУВАМЕ ДА ИМАМЕ УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН БРАН, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕНамален е бројот на тестирања во државните лабoрaтории, вели Филипче. (Фото: К. Попов)

    Се намалува бројот на лица кои се тестираат за ковид-19 и се зголемува бројот на слободни кревети во болниците низ земјава, рече денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Министерот кажа дека на почетокот на месецов, на ковид-одделенијата хоспитализирани биле 890 пациенти, а денес таа бројка е 629. На Инфективните оддели во Скопје и низ земјава вкупно лежат 1.145 болни и има околу 290 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Според него, полупразна е болницата во Битола, слично е во Охрид, Прилеп, а во Куманово после подолг период има 30 слободни кревети.

    „Намален е бројот на тестирања во државните лабoрaтории, сега може и во текот на истиот ден кога пациентите се јавуваат кај матичните лекари да има слободен термин. Епидемијата стивнува кај нас, ќе видиме дали е ова почеток на крајот, но сакам да апелирам до граѓаните овие празнични денови да бидат крајно внимателни. Не смееме да ризикуваме да имаме уште еден силен бран“, кажа министерот.

    Филипче рече дека утрово во Софија со бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов потпишале писмо за намери, откако Владата на Бугарија донесе одлука од секоја количина вакцини против ковид-19 која стигнува во Бугарија, една одредена количина да биде наменета за македонските граѓани и тоа да биде во форма на донација.

    „Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 % од населението“, изјави министерот.

    Во однос на мутацијата на ковид-19 која се појави во Велика Британија, поради што од вчера се забранети летови во голем број земји, меѓу кои и Македонија, Филипче рече дека досега многупати биле констатирани мутации на вирусот, а дури и во МАНУ биле забележани мали мутации.

    „Мутацијата која беше откриена во Велика Британија е во повеќе делови на структурата на вирусот, посебно во делот кај што се врзува со клетката домаќин. Според информациите, оваа мутација воопшто нема улога во ефикасноста на вакцината“, рече Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира